Published Books

KURBAN (Sacrifice)

Драги читатели

 

Се викам Велика Џангаловска Гатсис и за пошироката јавност сум само една непозната жена, која носи големи и силни пораки меѓу луѓето.

Пораки за љубов, почит, соживит и меѓусебно разбирање.

Знаеме како сите овие добронамерни пораки, многу пати од некои поединци се забораваат и се почесто не се почитуваат од луѓето.

Светот е поделен на два дела, на добар и на лош.

На врвот на тој свет владее парата, која има моќ да го контролира тој свет.

Sacrafice.jpg

Наместо љубов, почит и радост, помеѓу луѓето владее зависта, омразата, насилството, прељубота, крвопролевањето.

Лошотилокот кој влегол внатре во луѓето е како еден голем октопус, кој со неговите многубројни

раце, не стега силно не давајќи ни правилно да размислуваме и да разликуваме кое е добро а кое е лошо.

Непочита и недовербата на првите луѓе Адам и Ева, спрема нивниот створител Господ, ја отвориле вратата на лошотилокот.

Нивната затруена крв влегла во вените на сите идни генерацији.

Нивниот пример го прифатил еден од нивните први синови кој ја продолжил традицијата на неговите родители, донесувајќи ја на земјата омразата, зависта и крвопролевањето.

Од тој ден па до денес, оваа краста не се искоренила, туку напротив се пренесува насекаде каде има човечки род.

Најмногу се применува во муслиманскиот свет, каде крвната одмазда претставува еден вид закон.

Токму за овие красти и лошотилоци, ја напишав мојата книга која ја нареков Курбан.

Во неа доаѓа до судир на минатото и сегашноста, конзервативното и модерното живеење на луѓето во муслиманскиот свет.

Зборот курбан значи принесување на жртва, а во оваа книга, жртва на карасевда или во превод црна љубов, несреќна, недозволена.

Жртвата е тринаесет годишната ученичка Фикрие, која недолжна треба да биде курбанот, за да може синџирот на омразата и крвопролевањето да се прекине еднаш за секогаш, наместо да оди во недоглед.

Од афторот на книгата Курбан,

Велика Џангаловска Гатсис